АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска на 98 годишна возраст почина Прим.д-р Константин Нича.
Нича ќе биде погребан утре во 12 часот на Влашките гробишта во Битола.
Нича Константин Наумов е роден во Крушево, 11. Ⅲ 1922 – хирург. Мед. ф. завршил во Загреб (1952), а специјализација по хирургија во Скопје (1959). Кратко време работел како лекар од општа практика во Крушево, а речиси целиот работен век, до пензионирањето (1987), го поминал на Хируршкото одделение во Битола. Во 1972 станал примариус, а во 1985 г. здравствен советник.
Низ целиот овој период, па се до денес, неколку генерации на лекари даваат огромен придонес во развојот на Хируршкото одделение во Битолската болница. Распределени според генерации и според нивното доаѓање во првата генерација е Прим.д-р Константин Нича.