АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Шест новозаболени од КОВИД-19 се регистрирани денеска во Битола , од нив дури 5 се од ист семеен кластер, меѓу нив и 11 годишно дете.
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 11 нови случаи на COVID-19
- 6 во Битола (лица на возраст од 11 до 78 години, пет лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице, и се поврзани во еден фамилијарен кластер);
- 4 во Кичево (лица на возраст од 23, 32, 64 и 66 години; лицето на возраст од 64 години почина во ГОБ 8 ми септември во Скопје; останатите не даваат податок за контакт со позитивно лице);
- 1 во Ресен (лице на возраст од 35 години, не дава податок за контакт со позитивно лице).
Во Д.Хисар денес нема новозаболени лица.
Денес се регистрирани и 10 оздравени лица (6 од Кичево и 4 од Битола).
ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола