АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани синоќа имаа можност да чујат ретки податоци за историјата на македонската забавна музика за време на промоцијата на Монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“ на Тошо Филиповски што се одржа во Магазата во рамки на фестивалот„Битола отворен град“, во организација на МКЦ.
Станува збор за капитално дело во кое се опфатени 333 винилни изданија на кои е забележана музика од македонски автори, музичари, изведувачи и продуценти на околу 480 страници. Автор на монографијата е Тошо Филиповски, кој зад себе го остави изданието и на првата „Македонска рок-енциклопедија“
Во Монографијата се сместени податоци за почетоците на поставување на македонската забвана музика на винили. Така, за прв македонски винил се смета „Весела дружина“ во аранжман на Драган Ѓаконовски Шпато и Ритмичкиот оркестар на Радио Телевизија Скопје. Тоа е издание на „Југотон“ за кое се претпоставува дека датира од 1958 година.
Понатаму, прв винил на кој текстот е испишан со кирилица со македонско писмо е од Катица Ѓаконовска. Првата македонска рок плоча е од 1969 година на бендот „Вис Безимени“, а првиот фестивал со забавнби песни поставен кај нас на винил е „Скопје“ 1971 година.
Понатаму, Монографијата содржи винили од Сашка Петковска, Љупка Димитровска, Зафир Хаџиманов и многу други македонски музичари кои дадоа белег на македонската музика од педесетите години во минатиот век до денес.