2win800x200

Битолскиот театар подготвен за премиерата на „Ноќта кога ја убив месечината“

Февруари 16, 2021

 

Во Народниот театар Битола завршија подготовките за премиера на претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ во режија на Марјан Ѓорѓиевски, закажана за 19 февруари во Битола.

Станува збор за театарски проект инспириран од делото „Мостот“ на Лорен ван Велтер, за кое превод од бугарски на македонски јазик подготви Александар Копања.

-Капитализмот е на тест. Слободата и демократијата ги злоупотребуваме, живееме во автоцензура и предвреме се откажуваме од вистинското битисување, осамени сме и изгубени  трчајќи по лажните вредности.  Кој е вистинскиот човек денес? Каков треба да биде? Колку маски ставаме за да функционираме во изместената реалност, со ничкосани норми? Стравот за смртта и стравот од тоа вистински да се живее, најавува  режисерот Ѓорѓиевски во пресрет на премиерата в петок.

Актерот Александар Копања во претставата ќе настапи во улогата на човек од висока класа, улогата на човек од средна класа ја толкува Марјан Ѓорѓиевски, а улогата на просјакот му е доделена на Валентин Светозарев. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани