АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Имено, има интерес од сериозни глобални инвестициски фондови ви земјоделскиот сектор кои веќе имаат огромни инвестиции во земјоделието во регионот, и кои пројавуваат интерес за откуп на ЗК Пелагонија со проценка од околу 50 милиони евра. Во понудата влегуваат агрокомбинатот, електраните од 6 MW и Здравје Радово. Во случај на реализација на такво сценарио, акцијата на ЗК Пелагонија би вредела 15.000 денари.
Знаејќи ги тие инсајдерски информации во моментов се манипулираат помалите акционери и се тргува со нивните акции кои им се откупуваат по цена од 3900 до 4500 денари.
ЗК Пелагонија ја повикува и Комисијата за хартии од вредност и Македонска Берза да ги испитаат овие наводи и да ги заштитат помалите акционери.