2win800x200

Курсеви за образование на неписмени возрасни Роми

Февруари 17, 2021

Како дел од проектот „РомАБЦ“ за Западен Балкан, кој е финансиран од програмата Еразмус+, во делот за образование за возрасни, ООУ „Св. Климент Охридски“- Битола и „Сумнал“ здружението за развој на Ромската заедница реализираа средба со членови од локалната заедница заради формирање на неформална мрежа за образование на возрасни. Средбата беше онлајн на платформата Zoom.

Целите на проектот се спроведување на курсеви за образование на функционално неписмени возрасни Роми, нивна едукација и зголемување на нивната вработливот. До сега во склоп на проектните активности направено е истражување врз основа на кое се прилагодени Курикулум и Прирачник за обучувачи, а како иновација од проектот произлезе Практикумот со вежби кој е направен заедно со наставниците од училиштето за образование за возрасни од Белград- Бранко Пешиќ, кој воедно се и координатори на проектот. Практикумот е преведен на три јазики српски, македонски и англиски јазик.

На средбата беа присутни претставници од невладиниот сектор, Агенцијата за вработување, училишта, градинки, Бирото за развој на образованието, Педагошкиот факутет од Битола, Општина Битола и други институции кои го дадоа својот придонес кон понатамошната реализација на проектот. Оваа мрежа има улога да ги поддржи проектните активности и да ја помогне понатамошната реализација. Средбата беше предводена од страна на проектниот тим и тоа Гордана Анастасова- Директор на ООУ „Св. Климент Охридски“- Битола, Фатма Бајрам Аземовска- претседател на НВО Сумнал, Виолета Стевановска- координатор на проектот од ООУ „Св. Климент Охридски“- Битола и Викторија Михајловска - тренер од НВО Сумнал.

Претставени и образложение беа Курикулумот и неговата примена, Прирачникот како, Практикумот со вежби од мајчин јазик, математика, ИТ вештини, учење на различни места и учиме како да учиме, како и начинот на реализација на курсевите за возрасните Роми. Оваа проблематика, која е доста актуелнa, поттикна дискусија кај присутните, со што сите дадоа идеи, предлози и заклучоци кои проектниот тим ги запиша и изведе заклучоци, кои ќе бидат во насока на подобрување на горенаведените документи како и самите курсеви за Ромите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани