АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод престојните Велигденски и Првомајски празници со одлука на Извршниот Одбор, Здружението на пензионери Битола ќе продолжи со востановената традиција на доделување хуманитарни донации на свои членови со ниски пензии.
Новоизбраната претседателка на Извршниот Одбор, Даница Петличкова, која е и прва избрана жена на оваа позиција во Здружението на Битола, по ненадејната смрт на досегашниот претседател Томе Димитровски не информира дека деновиве на 100 пензионери со мали примања од Општините Битола, Новаци и Могила ке им бидат доделени пакети со прехрамбени производи.
Доставата на ваквата хуманитарна помош ке биде извршена преку волонтерите на Црвен крст Битола , со која организација Здружението на пензионери од Битола има постојана соработка. Истовремено Здружението на сите свои членови им препорачува применување на пропишаните здраствени прописи за заштита од вирусот ковид 19 и им ги честита Велигденските и Првомајските празници со желби за добро здравје и среќа во семејствата.