Јавните претпријатија од Битола-ЈКП „Водовод“, ЈКП „Комуналец“ , ЈКП „Нискоградба“ и ЈП „Пазари“ -Битола на сите верници од муслиманска вероисповед им го
честитаат големиот верски празник Рамазан Бајрам, со желба за социјален напредок, мир и благосостојба на сите.
Постот во светиот месец Рамазан е слика колку е силна човековата верба во Бог, а дарежливоста, меѓучовечкото разбирање и соживот се орнаменти кои го красат секој човек кој што сака и има желба да допринесе во развој на едно општество.
Овие празнични денови поминете ги во вашите домови со најблиските и најсакани.