АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“и ОУ „Даме Груев“ - Битола го одбележаа Светскиот ден на водата со тоа што учениците и наставникот Митко Јанески поставија упатства за рационално корисење на водата, електричната енергија, за одржување на хигиената во зградата и зеленилото во дворот.
Упатствата се истакнати на соодветни места во просториите на Библиотеката. Во активноста се вклучија и учениците од ОУ “Ѓорги Сугарев“ од Битола и доцент д-р Билјана Граматковски.
На средбата беше истакнато дека и покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. До средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг на вода бидејќи бројот на жители на Земјата расте, а водените ресурси се намалуваат.