2win800x200

Потпишани договори за реконструкција на Техничкото училиште и ОУ „Елпида Караманди“ Битола

Јули 12, 2021

 

Во кабинетот на градоначалничката Натaша Петровска, денес беа потпишани трипартитните договори помеѓу Министерството за образование и наука, Општина Битола и училиштата ОУ„Елпида Караманди“ и Средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ Битола.
Со овие договори се регулирани меѓусебните односи помеѓу субјектите, како дел од проектот на Владата на Република Северна Македонија „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и Рехабилитација на основни и средни училишта“, за чие спроведување е задолжено Министерството за образование и наука.
Со потпишувањето на договорите, стартува изработка на потребната проектна документација, по која веќе следната година на терен ќе се работи во училиштата. Преку овој проект е предвидено да се реализира комплетна промена на кровна конструкција и кровен покривач во ОУ „Елпида Караманди“, а во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, предвидена е изведба на нова енергетски ефикасна фасада на објектите во училиштето.Можно е да е слика од 2 луѓе и внатреМожно е да е слика од 1 лице и внатреМожно е да е слика од еден или повеќемина и внатре
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани