2win800x200

ЛДП ќе има свој кандидат за градоначалник во Битола, во игра се неколку имиња

Јули 12, 2021

Партиите ЛДП и Дом, заедно со уште неколку невладини организации дефинитивно договориле коалиција и на следните локални избори ќе настапат самостојно со над 60 советнички листи и 30 кандидати за градоначалници.

Во Битола носител на коалицијата ќе биде ЛДП, која се очекува да предложи свој кандидат за градоначалник и носител на листа. Според наши информации се планира кандидат за градоначалник да биде или познат битолски бизнисмен или пак проверен партиски кадар. Во игра влегуваат министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседател на ЛДП, претседателот на битолскиот Совет Валентин  Груевски, директорот на ЈКП „Нискоградба“ Битола Методи Силјановски, а во игра биле и двајца поранешни директори, еден на здравствена институција и еден на републички фонд. Анкетите се уште траат и во зависност од тие резултати  ќе биде определен и кандидатот. Промоцијата на коалицијата ќе се одржи во среда во 19 часот во Градски парк во Скопје, а најавите се дека веднаш после тоа ќе има иста и во Битола.

Според наши информации најверојатно не е направен договор со партијата на Павле Трајанов иако првично се најавуваше и таа варијанта на коалиција.
Можно е да е слика од 1 лице, стоење и надвор
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани