2win800x200

Традиционална годишна изложба на ДЛУБ-14 јули во 20 часот во Магаза Битола

Јули 13, 2021

 

Отворањето на Годишната изложба ДЛУБ 2021 е на 14 јули 2021 година во КЦ Магаза во 20:00 часот.

На традиционалната годишна изложба, оваа година ќе бидат претставени 32 автори со 42 сликарски дела. Мотивите и техниките се разноврсни и ќе можат да се видат дела од помлади и повозрасни искусни автори.

Делата се изработени во период од 2020 и 2021 година.

-Во овај период на пандемија може да се забележи зголемената активност и креативност на самите членови на друштвото. Оваа година конкурираа многу членови со повеќе дела, но поради можностите на изложбениот просторот моравме да го ограничивме бројот. Секоја година на традиционалнта изложба се доделува престижната награда за најдобро ликовно остварување на Годишната изложба ДЛУБ - наградата ,,Борислав Траиковски’’, изјави Нела Петровска, претседател на ДЛУБ .

Петровска вели дека членови на комисијата за наградата за оваа година се почитуваните: проф.др. Владимир Величковски, проф.Решат Амети и г-н Никола Главинче.

-Изборот оваа година е голем и тешка беше задачата на комисијата за да се одлучат за еден автор. Секако членовите на комисијата со своето долгогодишно искуство и знаење донесоа одлука, истакана Петровска.

Изложбата ќе трае од 14 до 19 јули.

Годинашната изложба е продажна каде секој љубител на уметнички слики ќе може да си откупи ликовно дело. Дел од средствата од продадените слики ќе се користат за хуманитарни цели, како одржување на часови по ликовна уметност за деца и возрасни.

-Ме радува што интересот оваа година е голем. Тоа покажува колку ни недостигаат културни настани, посебно поради тоа што имавме ограничувања во време на пандемија, напоменува Петровска. 

Нема достапен описНема достапен описНема достапен опис

Нема достапен описНема достапен описНема достапен описНема достапен описНема достапен описНема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани