2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Врнежи од дожд и следната недела, в четврток и снег на повисоките места

Октомври 10, 2021

 Утре и понатаму ќе има врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (локално ќе наврнат над 20 л/м2 дожд за 24 часа)

Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во вторник попладне и среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе има врнежи од снег. Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.

10.10.2021

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
4 Попова Шапка, 6 Маврови Анови, 8 Лазарополе, 10 Тетово, Берово, Крива Паланка, 12 Битола, Прилеп, Струмица, Виница, 13 Скопје, Штип, Охрид, 14 Демир Капија, Гевгелија. 
 
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во л/м2)
15 П.Шапка, Ѓуриште, 13 Тетово, Струмица, Берово, 12 Гевгелија, Пожаране, 11 Скопје Петровец, 9 Штип, 8 Битола, Маврово, 7 Скопје Зајчев Рид, Тополчани, 6 Прилеп, Виница, 5 Лазарополе, 4 Крушево, 3 Д.Капија, 2 Охрид.
 
Извор: УХМР
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани