Webp.net gifmaker

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, при денешната посета на Преспа,  по повод одбележувањето на  двегодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, дојде кај некогашниот граничен  преминна Маркова нога и се фотографирше кај каменот за кој се верува дека ја чува трагата од еднометарското стапало на Крали Марко.

Димитров ја  објави фотографијата на својот ФБ  профил и му се заблагодари на градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, за легендата што ја сподели со присутните, според која пред многу години кога Крале Марко се шетал по крајбрежјето на Големото Преспанско Езеро,  тој посакал да го види и Малото Преспанско Езеро (денес во соседна Грција) поради што се поткачил на еден камен оставајќи трага на него.

Каменот со трагата од Марковата нога се наоѓа во дворот на караулата која го носи неговото име

Димитров рече  дека идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос значи зближување и шанса за развој на Преспанскиот регион. Според него, пандемијата на Ковид-19 го намалила интензитетот на активностите, но граничниот премин ќе биде отворен.

„Идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос го почнавме со првата Спогодба што ја потпишавме со соседна Грција по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Таа Спогодба е потпишана на македонски јазик, на грчки и на англиски јазик, ратификувана од парламентите и тука е правниот основ. Имаше едно забавување заради промена на власта во Атина, потоа двете комисии заседаваа во јануари и беа усогласени протоколите на експертските групи. Исто така беше планиран состанок во Солун на 18 март, каде требаше да се усвои целиот план, и до крајот на годинава ја планиравме патната инфраструктура, плановите за објектите, геодетските анализи и еколошките елаборати да бидат изготвените. Според анализите, можно е цела реализација да се заврши за две години“, појасни Димитров.

Е.М.

IMG 20200617 215525

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес се сретна со претставниците на конзуларниот дипломатски кор во Битола. Тој уште синоќа на свеченото отворање ја најави средбата велејќи  „за мене е чест што сум тука, немам баш надлежност, ама дека  е меѓународен фестивалот, тука се фаќам. Ќе се сретнам утре сабајле со конзулите.  Малку да се бавам со нешто што не е баш чиста политика“, рече Димитров. На средбата со Димитров беа дел од конзулите со кои имаа заедничи доручек со традиционални битолски питулици.

42334850 268668993987372 3079903064933531648 n

42322663 527177147709464 980078981095096320 n

42359145 280795609201770 5913569796451991552 n

гуѕ

Државата води преговори и во последна фаза се подготовките за евтин кредит или можеби грант од јапонската агенција Џајка во соработка со компанијата Митцубиши за вложувања во производството на РЕК со цел да стане поеколошко, најави министерот за надворешни работи Никола Димитров во Битола. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани