2win800x200

Денес во Битола се одржува Државното првенство во футсал во спортската сала на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ . Домаќин е основното училиште „Коле Канински“ од Битола, а учествуваат најдобрите четири машки екипи во мал фудбал од Битола, Прилеп, Скопје и Радовиш.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.климент Охридски“ – Битола  утре,   14.02.2018 (среда) со почеток во 13 часот во просториите на библиотеката, ќе го одбележи  Меѓународениот   ден на подарување на книга и Денот на вљубените со рецитирање на поетски творби од  македонската љубовна лирика.

Традиционално, Амбасадата на Руската Федерација во  Македонија, го одбележе Денот на руската дипломатија во Битола. По тој повод амбасадорот на Русија Олег Шчербак, со претставници од локалната самоуправа и други делегации положија цвеќе на споменикот „Руски крст“ кај градското шеталиште, што е подигнат  во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски, кој бил убиен во Битола пред 115 години кога ја извршувал својата дипломатска должност во Македонија.

-За време на 6 векови постоење на руската дипломатија ние секогаш ги негуваме сеќавањата за луѓето кои дадоа придонес за развој на руската дипломатија, а особено го негуваме сеќавањата за луѓето кои загинаа исполнувајќи го својот професионален долг. Меѓу таквите истакнати дипломати беше и  Александар Ростковски чиј споменик е подигнат овде во Битола.  Професионалниот  и човечкиот подвиг на Ростковски е дел од нашата заедничка историја, рече меѓудругото Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Македонија на одбележувањето на Денот на руската дипломатија, денеска во Битола. 

Битолчани  ќе може да чуваат повеќе од две кучиња во едно домаќинство. Уставниот суд, по иницијативата поднесена од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, го укина членот 106 од Одлуката за комунален ред на Општина Битола, донесена од Советот  во 2012 година, со која беше предвидено во едно семејно домаќинство да може да се чуваат до две кучиња. 

Обиколницата над  Битола, која е дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп и натаму не е во функција поради  ново свлечиште, кое се појави, додека се санираше стариот одрон од ридот. Иако беше најавено дека привремено решение ќе биде поставување на семафори, со кои сообраќајот би се одвивал  наизменично, по една коловозна лента, со цел тешките товарни возила да не транзитираат низ градот и доплнително да го загадуваат воздухот, сепак, ваквото решение со појавата на новото свлечиште не можеше да се реализра. Од   јавното претпријатие за државни патишта, велат  дека заради безбедност на возачите и минувачите, полицијата и изведувачот одлучиле обиколницата да не се отвора за сообраќај.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани