2win800x200

Јавното претпријатие „Македонија пат“ од утре почнува со реализација на проектот за надградба и поправка на коловозот на влезот во Битола од страната на Прилеп.

Под снежниот врв на Пелистер, цветаат магнолии. Вака изгледа Битола од градскиот парк. Од едната страна се вишнее планината каде има снежна покривка од 40 тина сантиметри, а од другата страна всипани од цветови се магнолиите. Битолчани можат да уживаат во две годишни времиња. Во зимата на Пелистер каде снегот може да ја продолжи сезона или да прошетат во градскиот парк каде пролетта магнолиите ги обои во розово-пурпурна боја.Поради нивната убавина и плоштадот во срцето на Битола е наречен Магнолија.

Следната недела, македонската поп ѕвезда, Каролина Гочева, со два концерта на 27 и 28 март во Битола, ќе го промовира новиот, 9 ти по ред студиски албум „Извор“. По седумте концерти одржани во Скопје, Каролина, ќе одржи два концерти во родната Битола, иако плановите биле новиот албум да го претстави пред битолчани летово на концерт во античкиот локалитет Хераклеја.

Камерниот оркестар од Битола,  вечерва во големата сала на Центарот за култура, која беше исполнета до последно место, одржа  целовечерен концерт,  под наслов „Џон Вилијамс Симфонија“.

Општина Битола ќе соработува со Црна Гора за време на престојното Битолско културно лето, беше соопштено на денешната средба на црногорскиот амбасадор Предраг Митровиќ и битолската градоначалничка Наташа Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани