2win800x200

Потомците на битолското еврејско семејство Калдерон, кои беа разделени на три континенти Европа, Америка и Азија, денес се сретнаа во Битола на 75 годишината од депортацијата на битолските Евреи. Меѓу нив и Сара Ле Гутман Калдерон, ќерката на единствената Еврејка од Македонија, која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц.

Во рамките на тродневното одбележување на празникот 8 ми Март, Организацијата на жени од Битола, во партнерство  со Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола, ги додели наградите од конкурсот за краток расказ на тема „Она што не и кажав на мојата учителка“. Првата награда ја доби Ана Георгиева од Штип, втората награда е доделена на Божана Тренчевска од Прилеп, а третата  награда отиде во рацете на уште една штипјанка, Нина Стојанова.

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, денеска најави дека во Собранието на РМ ќе иницира процедура со која седиштето на Правниот факултет од Кичево, ќе се префрли во Битола. Овој факултет кој е во рамките на универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, беше  обновен во 2008 година, но со седиште во Кичево,a  со дисперзирани студии во Битола и Струга.

Животот на руските имигранти во Македонија и дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти, ќе бидат претставени на изложбата што вечерва ќе биде отворена во Битола на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Р. Державин“. Изложбата е насловена „Русите во Македонија (1920-1940)“.

Во нејзината изработка учествуваа Институтот за националната историја на Македонија и Државниот архив на Република Македонија.

Организирана е од Амбасадата на Руската Федерација и ќе ја отвори амбасадорот Олег Шчербак, а ќе може да се посети до 13 март.

Во 7 часот во Битола се измерени - 7 степени.

Студен бран од портокалова фаза денеска ја зафати целата држава. Утринските температури се движат од -17 до -6 степени, а дневните од -4 до 2 степена.

Во текот на ноќта, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од снег, кои до петок претпладне на некои пониски места ќе поминат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

За време на викендот се уште ќе има слаб локален дожд, но ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.

На патиштата утринава сообраќајот се одвива по влажни коловози, а наместа има остатоци од кашест снег. Поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани