АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со полагање цвеќе пред бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски- Ѕвончарот пред Апелациониот суд во Битола, денес битолските адвокати го одбележаа 16-ти јуни, Денот на македонската адвокатура.
Се навршуваат 77 години независна македонска адвокатура. Во далечната 1945 година по предлог одлука на тогашниот министер за правосудство д-р Павел Шатев, е формирана Скопска адвокатска комора со надлежноста на федерална Македонија.
„По тој повод традиционално како и секоја година, се поклонуваме пред спомен бистите на познатите правници и борци од Народно ослободителната борба, Никола Тодоровски – Коле Канински и Јосиф Христовски – Звончаро, кој својот живот го дале за слободна и независна Македонија. Спомен бистите се поклон од Адвокатската комора на Македонија подарени на градот Битола во 1980 година. По овој значаен повод исто така го посетуваме вечното почивалиште на д-р Павел Шатев, кое е на градските гробишта во Св.Недела, на кое исто така положуваме цвеќе во знак на благодарност и почит кон неговото дело“, рече адвокатот Иван Рутевски – претседател на Адвокатската заедница во Битола.
Адвокатската заедница Битола е прогласена за една од најактивните заедници во нашата држава во склоп на АКРМ. Адвокатската заедница Битола активно преку свои претставници учествува во органите и телата на Адвокатската комора и преку истите се залага за подобрување на адвокатурата како професија во нашата држава како и преку предлагање на квалитетни законски измени и решенија за добивање на поголема правна сигурност и заштита на граѓаните на Македонија.
Исто така посебно е значајно да се истакне дека Адвокатската заедница во Битола е активна и на меѓународен план, односно активно соработува со Адвокатската комора од Крагуејвац, Србија, каде што непосредно пред овој настан во посета на истата беа неколку адвокати претставници од Битола.
„Битола е традиционален град на адвокатурата, уште од почетокот на формирањето на адвокатската комора уште во 1945 година биле запишани адвокати од Битола, така да и до денес тој тренд продолжува. Битола да биде град на правото, град на адвокатурата и да дава значаен придонес во борбата за правната држава”, истана Рутевски.
(ПРЕЗЕМЕНО ОД ПРАВДИКО.МК)
Битолскиот народен театар се закити со 5 награди на 56 издание на фестивалот "ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ" во Прилеп, што е уште една потврда дека е еден од водечките театари во нашата држава.
Претставата на Битолскиот народен театар „Бакхи- краток преглед на распадот“ според Еврипид во режија на Игор Вук Торбица, е најдобрата претстава во целина на Меѓународниот театарски фестивал во Приелеп „Војдан Чернодрински“, соопшти денеска фестивалското жири во состав Бедија Беговска, претседател и членовите Љиљана Благојевиќ и Маја Вељковиќ.
Владимир Талески нема да се повлече од јавноса. Веќе нема да го гледаме во градоначалничкиот кабинет, туку на театарските штици. Откако му истече третиот градоначалнички мандат, тој денес покрена постапка за да се врати како актер во Битолскиот народен театар.