2win800x200

Битолските адвокати го одбележаа Денот на македонската адвокатура

Јуни 16, 2022

Со полагање цвеќе пред бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски- Ѕвончарот пред Апелациониот суд во Битола, денес битолските адвокати го одбележаа 16-ти јуни, Денот на македонската адвокатура.

Се навршуваат 77 години независна македонска адвокатура. Во далечната 1945 година по предлог одлука на тогашниот министер за правосудство д-р Павел Шатев, е формирана Скопска адвокатска комора со надлежноста на федерална Македонија.

„По тој повод традиционално како и секоја година, се поклонуваме пред спомен бистите на познатите правници и борци од Народно ослободителната борба, Никола Тодоровски – Коле Канински и Јосиф Христовски – Звончаро, кој својот живот го дале за слободна и независна Македонија. Спомен бистите се поклон од Адвокатската комора на Македонија подарени на градот Битола во 1980 година. По овој значаен повод исто така го посетуваме вечното почивалиште на д-р Павел Шатев, кое е на градските гробишта во Св.Недела, на кое исто така положуваме цвеќе во знак на благодарност и почит кон неговото дело“, рече адвокатот Иван Рутевски – претседател на Адвокатската заедница во Битола.

viber image 2022 06 16 14 03 44 646

Адвокатската заедница Битола е прогласена за една од најактивните заедници во нашата држава во склоп на АКРМ. Адвокатската заедница Битола активно преку свои претставници учествува во органите и телата на Адвокатската комора и преку истите се залага за подобрување на адвокатурата како професија во нашата држава како и преку предлагање на квалитетни законски измени и решенија за добивање на поголема правна сигурност и заштита на граѓаните на Македонија.

viber image 2022 06 16 14 03 58 331

Исто така посебно е значајно да се истакне дека Адвокатската заедница во Битола е активна и на меѓународен план, односно активно соработува со Адвокатската комора од Крагуејвац, Србија, каде што непосредно пред овој настан во посета на истата беа неколку адвокати претставници од Битола.

„Битола е традиционален град на адвокатурата, уште од почетокот на формирањето на адвокатската комора уште во 1945 година биле запишани адвокати од Битола, така да и до денес тој тренд продолжува. Битола да биде град на правото, град на адвокатурата и да дава значаен придонес во борбата за правната држава”, истана Рутевски.

viber image 2022 06 16 14 03 44 519

(ПРЕЗЕМЕНО ОД ПРАВДИКО.МК) 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани