АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владимир Талески нема да се повлече од јавноса. Веќе нема да го гледаме во градоначалничкиот кабинет, туку на театарските штици. Откако му истече третиот градоначалнички мандат, тој денес покрена постапка за да се врати како актер во Битолскиот народен театар.
Барањето ќе биде препратено до Министерството за финансии од каде ќе го имаат конечниот збор. Неговото поранешно место како актер во БНТ мируваше 12 години додека тој ја обавуваше градоначалничката функција, а сега сака да се врати меѓу своите стари , па и помлади колеги, актерите.
Во Народниот театар во Битола беше актер 22 години, а уште половина од нив градоначалник. Како актер играше во бројни претстави, одигра заначајни главни улоги, меѓу кои и Хамлет од Шекспир и беше повеќепати наградуван. Учествуваше и во повеќе телевизиски емисии и серии , од кои најпозната е „Здраво генијалци“ каде го играше ликот на Двојче.
Во следниот период покрај враќањето на старата професија, ќе го очекува и судскиот процес Транпортер, а недомна беше осоничен и за Транспортер 2, кривични дела поврзани со злоупотреби на школскиот превоз.