Битолскиот народен театар се закити со 5 награди на 56 издание на фестивалот "ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ" во Прилеп, што е уште една потврда дека е еден од водечките театари во нашата држава.
Жирито во состав Љупчо Ѓорѓиевски, Бесфорт Идризи, Сотир Трајковски, ја донесе следнава одлука:
-Награда за режија се доделува на режисерот Ќендрим Ријани за претставата "Артуро Уи" во изведба на Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.
-Награда за женска епизодна улога се доделува на Викторија Степановска за улогите во претставата "Артуро Уи" во изведба на Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.
-Награда за епизодна машка улога "Димче Трајковски" се доделува на Никола Пројчевски за улогите во претставата "Артуро Уи" во изведба на Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.
-Награда за костимографија се доделува на Благој Мицевски за костимите во претставата "Артуро Уи" во изведба на Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.
-Награда за музика се доделува на Тимор Доми во претставата "Артуро Уи" во изведба на Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.