2win800x200

„Оставка нема да поднесам, имам уште многу да сработам на она што сте го руинирале“,  одговори градоначалничката Наташа Петровска на прашањето на опозицијата дали и кога размислува да си поднесе оставка.

Таа возврати и на обвинувањата  за наводен реваншизам врз општинската администрација.

-Општинската администрација со која јас работам е сеуште  со раководители кои ги имате вие поставено. Потврдено е и сеуште се на тие работни места што покажува дека  апсолутно немаме режим каков што сме имале, одговори Петровска на прашањето на опозиционите советниците  на денешната седница на Совет.

Опозицијата го поздрави присуството на градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет со зборовите „Нека е за аирлија“ и прашуваше за состојбите во образованието, за непотизмот , за легализацијата на објектите, за обиколницата, за загадениот воздух...Завршните сметки на училиштата и градинките денеска се најдоа пред советниците. Училиштата должат 4, 3 милиони евра, долгови наследени од бившата власт. Петровска ги потсети советниците од опозицијата дека токму заради образованието некои се влечкаат по судови.

-Офицерскиот дом продолжува да биде обезбедуван на начинот на којшто и досега беше со физичко обезбедување, меѓутоа времето покажа дека тоа не е доволно. Во овој период, условно кажано не се превзедоа некои активности во делот на обезбедувањето  со местење на тараби, велам условно затоа што изведбените активности на Офицерски исто така ќе започнат со кровната конструкција.

Офицерскиот дом ќе се загради со лимени барикади до почетокот на реставрацијата за да не може секој еден да влегува внатре и да врши дополнително оштетување, соопшти битолската градоначалничка Наташа Петровска.

„Мојот брат беше единствениот кандидат кој се пријави на интервјуто за работното место наставник по математика. Дали требаше да викаме лице невработено од друга општина само за работата да не ја добие мојот брат?“, вака градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, возврати на обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека се вработил нејзиниот брат во основното училиште „Елпида Караманди“ во Битола.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани