2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани, по главниот град Скопје - 159.514, има во Битола - 35.067 со примена прва доза и во Тетово вкупно 31.007 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Битола има висок процент на вакцинирани граѓани, а голем е опфатот со вакцини против КОВИД-19 и меѓу здравствениот кадар во Клиничката болница во Битола, рече при денешната посета министерот за здравство Венко Филипче.

Досега во Региoналниот пункт во Битола аплицирани се над 50 илјади дози вакцини против КОВИД-19 на жителите на Битола и соседните општини, а интересот кај битолчани е константно голем, потврдуваат надлежните.

Од 1807 пријавени граѓани, денеска во Регионалниот вакцинален центар во Битола вакцината ја примиле 1422. За ревакцина од 180 закажани, втора доза примиле 177, додека тројца не дошле на ревакцинација со Фајзер. Ампулата која се отвора за 6 дози, за да не се фрли неискористената вакцина, биле повикани 3 лица кои примиле прва доза. Со тоа вкупниот број на вакцинирани граѓани со прва доза и ревакцина е 1602, што е најмногу во еден ден  од почетокот на масовната имунизација.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани