2win800x200

Во Битола денеска вакцинирани и ревакцинирани 1602 граѓани

Мај 18, 2021

Од 1807 пријавени граѓани, денеска во Регионалниот вакцинален центар во Битола вакцината ја примиле 1422. За ревакцина од 180 закажани, втора доза примиле 177, додека тројца не дошле на ревакцинација со Фајзер. Ампулата која се отвора за 6 дози, за да не се фрли неискористената вакцина, биле повикани 3 лица кои примиле прва доза. Со тоа вкупниот број на вакцинирани граѓани со прва доза и ревакцина е 1602, што е најмногу во еден ден  од почетокот на масовната имунизација.

Од Здравствениот дом во Битола информираат дека денеска во два наврати-околу пладне и после 15 часот имало поголема гужва, но затоа пак, пунктот речиси бил празен во 18 часот. Но, сите закажани кои дошле во Регионалниот вакцинален центар биле вакцинирани. Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат термините за да не се созадава метеж и уште еднаш инфромираат дека пунктот работи во две смени од 8 до 20 часот.

Покрај жителите на Битола, во Региналниот вакцинален центар во спортската сала во битолското Медицинско училиште се вакцинираат и жителите на  Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар.

Од почетокот на масовната вакцинација во Битола се вакцинарани 11 569 граѓани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани