Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа во вториот круг на локалните избори за градоначалник на општината.

-Во Могила победи ВМРО-ДПМНЕ, победи вербата, упорноста и љубовта кон нашата општина“, објави Саботковски на Фејсбук.

„Продолжуваме со уште поголема енергија и една цел — да ја направиме Могила поубава, поразвиена и подобра за живеење“, објави Саботковски.

Инаку, според последните нецелосни податоци на Државната изборна комисија, во Могила гласале 54,75 отсто од избирачите. Во општината се евидентирани вкупно 4.671 избирачи. Драганчо Саботковски, кандидат накоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 81,57 отсто од гласовите, а Сашо Пивковски, предлог на група извбирачи освоил 14,46 отсто од гласовите во вториот круг.

Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа во вториот круг на локалните избори за градоначалник на општината.

!Во Могила победи ВМРО-ДПМНЕ, победи вербата, упорноста и љубовта кон нашата општина“, објави Саботковски на Фејсбук.

„Продолжуваме со уште поголема енергија и една цел — да ја направиме Могила поубава, поразвиена и подобра за живеење“, објави Саботковски.

Инаку, според последните нецелосни податоци на Државната изборна комисија, во Могила гласале 54,75 отсто од избирачите. Во општината се евидентирани вкупно 4.671 избирачи. Драганчо Саботковски, кандидат накоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 81,57 отсто од гласовите, а Сашо Пивкосвки, предлог на група извбирачи освоил 14,46 отсто од гласовите во вториот круг.

На 01.11.2025 во 23:00 часот во с.Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип. Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик – „мачење животни“

Секој обид да се зборува за значењето на една сама по себе  антологиска изложба ќе биде блед обид да се долови значењето на истата. Пасијата со која Сашо Ставрев ги ,,следи и лови’’ ликовите на лауреатите, бројните актери , директори на фотографија, сниматели, продуценти, оскаровци присутни сите овие години на ИФФК ,,Браќа Манаки”претставува живопис на еден фестивал кој  ни го донесе светот дома, а нас битолчани  во светот на филмската магија…  1000008448 Дека пасијата е наследна, тоа  е повеќе од јасно и во оваа изложба каде тивко се провлекува раката на Петар Ставрев . Благодарност за настапот на деветгодишната Теона Димеска која што го разубави целиот настан со својот настап на виолончело заедно со својот учител Зисо Пуровски, како и до Гоце Стојановски директор на Државен архив одд. Битола за топлите зборови на отворањето на изложбата .  1000008444 Истата е овозможена со Поддршка на Министерство за култура и туризам и е достапна наредните денови во Кристалната сала на Офицерски дом , КИЦ Битола.  1000008449

Фатен крадец во Битола, украденото вратено на сопствениците

 
На 31.10.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 12- годишен битолчанец. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, односно дека на паркинг простор пред спортска сала „Боро Чурлевски" во Битола со употреба на сила и подесен алат влегол во автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, при што одзел повеќе лични работи на ученици и наставници кои биле на екскурзија. По преземени мерки тој е пронајден и  лишен од слобода, а украденото е вратено на сопствениците. 
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фатен крадец во Битола, украденото вратено на сопствениците

 
На 31.10.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 12- годишен битолчанец. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, односно дека на паркинг простор пред спортска сала „Боро Чурлевски" во Битола со употреба на сила и подесен алат влегол во автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, при што одзел повеќе лични работи на ученици и наставници кои биле на екскурзија. По преземени мерки тој е пронајден и  лишен од слобода, а украденото е вратено на сопствениците. 
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Центарот за култура Битола слави 45 години постоење! Зградата на Центарот за култура и Народниот театар за почна да се гради 1975 година со самопридонес на граѓаните на општина Битола. Свеченото отворање се одржа на 11 октомври 1980 година, а како прв директор беше назначен општествено политичкиот работник Петар Целаковски. Со институцијата раководеа и Љупка Коларова - Пајевиќ, Борис Чоревски, Ана Бегајовска, 

Борче Димитровски, Зоран Димовски, 
Маја Андоновска - Илијевски, Влатко Илиевски и  Сашо Илковски.  Центарот за култура е главен носител на збиднувањата од културата во Битола со бројни манифестации, изложби, промоции. 1000008385 1000008387 1000008386 1000008392 1000008391

Денес беа врачени Уверенија за избрани советници во новиот Совет на општина Битола кој ќе одлучувс во наредните 4 години. Уверенијата беа врачени од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски.  ВМРО-ДПМНЕ Битола и коалицијата освоија 16 советнички мандати со вкупно освоени 16176 гласови - Филип Поповски, Бојан Бојкоски, Наташа Марковска, Илија Келепуровски, Марина Крстиќ, Александар Цветаноски, Мартин Ивановски, Кети Јосифовска, Александар Јаневски, Ангела Здравковска, Златко Лозановски, Александра Лазаревски, Љубе Никлески, Кире Ризески и Јована Спасеноска, Илче Кочишки.   

СДСМ и коалицијата освоија 5 советнички мандати со освоени 5386 гласови - Петар Николовски, Софија Ристевска-Петрушева, Јадранка Павловска, Драги Крстев и Александар Дракуловски.

Поинаку освоија четири советнички мандати со освоени 4148 гласови - Миле Трајковски, Снежана Василевска, Иван Чулакоски и Никола Гагоски. 

Левица освоија два мандати со освоени 2237 гласови- Горан велевски и Гаврил Трајковски 

ЛДП и коалицијата еден мандат  со освоени 1154 гласови - Димитар Кузамоновски 

ЗНАМ - Движење за Македонија еден мандат  со освоени 1357 гласови - Јагода Талевска 

Граѓанска Иницијатива ГРИН освои еден манадат со освоени 1041 глас - Стефан Тековски 

ДУИ освои еден мандат со освоени 1004- Валдета Мусаи Фејзуловска  

Оваа вечер (31 октомври) со почеток во 19 часот, во Кристалната сала на КИЦ – Офицерски дом во Битола, ќе биде отворена фотографската изложба „45 години Интернационален Фестивал на филмската камера Браќа Манаки“ на битолскиот фотограф Сашо Ставрев.

Изложбата, поставена на 28 големи паноа (90×130 см), содржи неколку стотици фотографии кои ја прикажуваат богатата историја на најстариот фестивал во светот посветен на кинематограферите. Ретроспективно поставена по години, изложбата претставува уникатна фото-архива што ги следи сите значајни настани, гости и лауреати кои во изминатите 45 години продефилирале низ филмскиот град Битола.

Авторот Сашо Ставрев, речиси четири децении присутен со својот фотоапарат на сите фестивалски изданија, со гордост го продолжува семејниот аманет на својот татко Петар Ставрев, кој уште од шесто издание го фотографира овој фестивал. Нивниот труд претставува единствена и комплетна фото-колекција за Фестивалот во светски рамки.

Посетителите ќе имаат можност да видат фотографии од најзначајните моменти на Фестивалот, од првите „Денови на Југословенската камера“ до денешните изданија на „Браќа Манаки“, како и портрети на добитниците на наградите „Златна камера 300“, „Специјална камера 300“, „Креативна синергија“ и „Пионер во професијата“.

Во објективот на Ставрев низ годините се нашле бројни филмски легенди – добитници на „Оскар“, како Свен Никвист, Фреди Френсис, Мирослав Ондричек, Виторио Стораро, како и актери и филмски работници меѓу кои Клаудија Кардинале, Кетрин Денев, Џулиет Бинош, Бранко Лустиг и многу други.

Посебен дел од изложбата е посветен на рубриките „Татко и син“ и „Повторно доаѓање“, во кои Ставрев ја прикажува поврзаноста помеѓу генерациите кинематографери и нивното повторно враќање во градот на првите сниматели на Балканот, Милтон и Јанаки Манаки.

Ставрев најавува дека оваа изложба ќе биде претставена и во други градови низ Македонија, а потоа и во КИЦ-овите во Белград, Загреб, Софија и Истанбул. Воедно, семејството Ставрев работи и на голема монографија посветена на Фестивалот „Браќа Манаки“, која треба да биде објавена следната година како единствена целосна хроника на овој значаен филмски фестивал.

Фотографии: Сашо Ставрев

Ликовниот уметник и педагог Панде Петровски е добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело за 2025 година што ја доделува градот Битола. Ова е одлука на УУправниот одбор на Фонодот за наградата „4 Ноември“. Ликовниот уметник Панде Петровски остави голем белег како во битолската така и во македонската уметност. 

Роден е 1939 година во Брусник – Битола. Завршил Педагошка Aкадемија во Скопје, а во 1963 година со студиски престој во Италија. Има отворено над 25 самостојни, а учествувал и на околу 100 групни изложби во Македонија и странство. Учествувал и на дваесеттина меѓународни ликовни колонии во Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Романија. Повеќе пати е наградуван за афоризам и карикатура.

Член на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија), ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола) и МНД (Македонско научно друштво – Битола).

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани