
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот на Општина Битола на денешната прва работна седница ја прифати донацијата од Амбасадата на САД во висина од 1 милион долари за дооформување на новиот објект на противпожарната станица. Градоначалникот Тони Коњановски јавно се заблагодари на Амбасадата на Соединетите Американски Држави за, како што рече, значајната поддршка во зајакнувањето на капацитетите за заштита и спасување.
На истата седница Советот донесе и две важни одлуки со кои се деблокираат големи инфраструктурни проекти. Првата се однесува на грантот од Европската инвестициска банка во висина од 1 милион евра, наменет за реконструкција на водоводни мрежи на седум локации, од кои пет се во градското подрачје, а две во руралните средини.
Дополнително, беше усвоен и Нацрт-деталниот урбанистички план за спортски комплекс во населбата Нова Битола, со што се создава основа за отпочнување на процедурата за еден од поголемите идни спортски проекти во општината.
Градоначалникот Коњановски се заблагодари на советниците за, како што рече, конструктивноста и поддршката во носењето на одлуките важни за развојот на Битола.
Бојан Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Општина Битола. За Бојкоски гласаа 18 советници ЗА(ВМРО ДПМНЕ со коалицијата, ДУИ и ЗНАМ), 11 беа против (СДСМ со коалицијата, Поинаку и Левица), а двајца воздржани (ГРИН и ЛДП) . -Дискусијата на Советот мора да се поткрене на повисоко ниво, нема да дозволам навреди и лични пресметки. Кога има волја ќе има и резултати. Ќе успееме како обединети", рече Бојкоски. Бојкоски беше единствениот предлог за претседател на Советот на Општина Битола предложен од советничкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. На Бојкоски ова му е втор мандат, во досегашниот совет беше координатот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и еден од најгласните и најактивните говорници во Советот. Во продолжение обраќањето на Бојкоски до Советот.

Бојан Бојкоски од ВМРО - ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Општина Битола. Бојкоски беше единствен предлог за претседател предложен од советничката Наташа Марковска. Со оглед на тоа што ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата имаат мнозинство од 16 советници, Бојковски е прифатлив за мнозинството, а опозицијата не реагираше. Ова ќе биде втор мандат за Бојкоски, тој во изминатиот состав беше координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и еден од најактивните говорници
Ресурсниот центар "Кочо Рацин" Битола како институција е добитник на наградата "4 Ноември" за едногодишно достигнување.
ДОДЕЛЕНИ ЧЕТВРТОНОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ – НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВРАЧЕНА НА УМЕТНИКОТ ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ
БИТОЛА ОДБЕЛЕЖУВА 81 ГОДИНА ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ
СВР Битола соопшти - СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(46) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување’’. Пријавениот, во својство на управител на правен субјект, без да обезбеди решение за одмор и одлуки за отсуства од друштвото, за периодот од 14.08.2020 до 17.09.2024 неоправдано отсуствувал од работа вкупно 140 дена и на тој начин се стекнал со имотна корист во вредност од 389.099 денари
