Анета Блажевска

Анета Блажевска

Друштвото на ликовни уметници оваа година ја додели Ноемвриската награда на Дијана Колонџоска за нејзиниот исклучителен придонес, доследна уметничка посветеност и автентичен израз.
Искрени честитки за ова значајно признание и желби за уште многу успеси и инспиративни уметнички остварувања, објавија од Друштвото на ликовни уметници на Битола.

Друштвото на ликовите уметници на Битола, оформено е пред 51 година и има одиграно важна улога за развување и афирмација на ликовната уметност во Битола органзирирајќи групни и самостојни изложби архивирајќи ликовни настани, реализираји ликовни колонии и едукативни активности како и негувајќи регионална и меѓународна соработка, а со тоа и афирмирајќи на Македонија во и вон нејзините граници.

ДЛУБ во моментов има педесет активни членови, а во работата се вклучени и пет волонтери.

09.11.2025 во 02:10 часот на ул. „Ленинова" во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Б.Л.(45)  од с. Царев Двор, ресенско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо" со ресенско регистарски ознаки, при што констатирале дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,78 промили алкохол во крвта. Тој бил отстранет од сообраќај и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило" казниво по чл.297А од КЗ.

 

На 09.11.2025 во 02:19 часот на ул. „Новачки пат“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.М.(19) од с.Логоварди, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „голф" со битолски регитарски ознаки, при што било констатирано дека А.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта. А.М. бил отстранет од сообраќај и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило" казниво по чл.297А од Кривичен законик. 

Ученици од Медицинското училиште во Битола повторно покажуваат дека младите знаат да размислуваат иновативно и во служба на здравјето! 

Тимот на Софија Костадиновска (II-4) - лидер со членовите Андреа Триста, Ана Марија Јовановска, Теодора Патчева и Ана Димовска Чонтева е избран меѓу ТОП 53 тима од над 400 апликации на натпреварот „Средношколец Милионер“!
Со својот иновативен проект HYDRO BAND  тие се натпреваруваат за влез во втората рунда (Топ 20 идеи).
 
 Гласањето е отворено од 29.10 до 16.11.2025
 

Со својата бизнис-идеја за паметна нараквица што ја следи хидратацијата на телото, тие се меѓу најдобрите учесници на натпреварот „Средношколец Милионер“!

Идејата се базира на индикаторска хартија или сензор кој, преку контакт со кожата, го следи количеството на пот и дава препораки за внес на вода. Благодарение на оваа технологија, корисниците можат полесно да го следат своето здравје и да спречат дехидрација.

Поддржете ги со својот глас!

Гласајте за нивната идеја и помогнете им да стигнат до следниот круг:

 https://idea-hunt-startup.lovable.app/vote/c7917fb9-d346-4a93-ab16-a520a17acecc

Горди сме на младите медицинари од Битола кои со својата креативност и знаење го градат здравиот свет на иднината!

Работилница со млади на тема „Не за малолетнички бракови“ – Битола

 
На 5 ноември 2025 година, во просториите на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, се одржа едукативна работилница со млади за превенција од малолетнички бракови, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Општина Битола. 
 1000008972
Фацилитатор на работилницата беше м-р Фатма Бајрам Аземовска, која ја водеше сесијата преку интерактивен и отворен пристап – насочен кон разбирање, емпатија и дијалог.
Настанот го модерираше Ѓултен Мустафова, Национален програмски офицер во Мисијата на ОБСЕ, која ја истакна важноста на образованието, поддршката и личниот избор како пат кон еднаквост и самостојност.
Во име на Општина Битола се обрати Наташа Ташкова Поповска, нагласувајќи ја посветеноста на Општината кон создавање средина во која секое дете расте без притисоци и со можност за развој, учење и напредок.1000008970
 
 Преку инспиративни приказни и отворен разговор
Учесниците го погледнаа видеото „Не за малолетнички бракови“ подготвено од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, кое реално ги прикажува последиците и влијанието на раните бракови.
Во делот „ Моето искуство – што изгубив и што научив“ своја приказна сподели Мерзука Сулиманоска, говорејќи за изгубеното детство и храброста да започне нов почеток.
Младата активистка м-р Ферзије Асаноска ја нагласи улогата на образованието како сила за промена и истакна дека секоја девојка има право да избере свој пат и иднина со достоинство.1000008968
  Законска рамка и заштита на децата
Претставници од СВР Битола – Отсек за превенција, Мирјана Недановска и Ките Трајковски, зборуваа за раните бракови како прекршување на детските права и потсетија дека секој случај треба да биде пријавен и третиран со внимание и грижа.
 
Телесни и психолошки последици
Д-р Маргарита Камбовска, супспецијалист по неонатологија, говореше за промените во адолесценцијата и важноста на здравствената едукација наместо предвремените бракови.
 
Активност: „Мојата иднина вреди да чека“
Во интерактивниот дел, Наташа Беќирова, семеен терапевт од Женскиот центар за поддршка, ја водеше активноста преку која младите ги дефинираа своите цели, вредности и аспирации.
 
Работилницата заврши со заеднички пораки за подигање на свеста, вмрежување и поттикнување на дијалог меѓу институциите, училиштата и семејствата.1000008974
 
Порака што ја понесовме:
 
Секоја девојка има право да расте, да сонува и да одлучува за својата иднина.
 
1000008971

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани