Анета Блажевска

Анета Блажевска

Градоначалникот Тони Коњановски го доби уверението за вториот мандат.

Тој се обрати до јавноста-

 

Денес, со врачувањето на Уверението за избран градоначалник, кој ќе раководи со општина Битола во наредните 4 години од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски, влегувам во новиот четиригодишен мандат, како градоначалник на општина Битола.

Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа во интерес на граѓаните на Битола. Кога ќе направам ретроспектива на изминатите 4 години, во кои се реализирани стотици проекти кои донеле подобар живот во општината и подобри услови за граѓаните, не можам, а да не бидам горд. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта од над 50 километри.


-И сѐ уште се гради, не само поради проектите кои што ги започнавме, туку затоа што веруваме дека нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред. Во следните четири години, очекувам дека ќе дојдат резултатите со кои ќе се заокружат најголемиот дел од сегашните проекти и од еден град кој пред само неколку години беше слепо црево, Битола ќе си го врати својот препознатлив сјај. Битола и битолчани го заслужуваат тоа.

Поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надоградува модерна, урбана, чиста и динамична Битола, со темели на инфраструктура, на енергетска ефикасност, на нови образовни стандарди, на култура и спорт, на заштита на животната средина.

Инфраструктурно, реализирани се многу проекти на кои граѓаните позитивно реагираа, но за дел од реализираните проекти има и критики. На критиките, секогаш се обидував да одговорам, па дури и доколку општината нема вина. Гласот на народот е главната моја сатисфакција и мерка за сработеното. Кој што работи, само тој може да згреши. Лесно е да се критикува и да се напаѓа, но доблесно е да се признае дека во Битола никогаш повеќе од сега не се градело, не се работело и не се правело за севкупниот живот во градот, вклучувајќи го и спортот, културата, социјалата итн. Граѓаните реалирале, по што, според нашите законски можности ние сме реагирале до изведувачите, кои што пак, на сопствен нивни трошок ги санирале недостатоците. Ќе повторам, се работи транспарентно, отворено, во интерес на народот и оттука, секоја забелешка на граѓаните, ја примам како конструктивна и како предизвик да се добие најдоброто за битолчани. Така ќе продолжам да работам и во овој мандат.

Сега, драги мои сограѓани, доаѓа период во кој трудот што го вложивме, ќе почне да носи видливи резултати. Следните четири години ќе донесат реализација на нови проекти и години на живеење со резултатите од сето тоа што го работевме. Очекувам и во овој мандат, да добиеме голема поддршка од Владата, предводена од премиерот Христијан Мицковски. Во двата повици за капиталните проекти, добивме огромна поддршка и бевме град со најголем број на добиени апликации. Ниту тоа не е случајно, бидејќи покажавме дека знаеме како да го придвижиме градот напред, да ја издигмене културата, спортот и економскиот напредок.

Битола ќе добие уште подобра инфраструктура – нов булеварски влез од станата на Охрид, функционални улици во градот и руралните средини. Јавните простори ќе се оплеменуваат и зазеленуваат за да бидат живи места на средби, активности и семејни дружби. Образованието останува наш приоритет, а образовните институции ќе го надоградуваат својот енергетски изглед и капацитет.

Поставени се темелите на новите културни вредности, кои во наредните години ќе ги надградуваме и ќе привлекуваме уште поголем број на туристи.

Спортските објекти и натаму ќе бидат носители на спортскиот дух и создавање на големи резултати на нашите спортисти, кои ќе ја надополнуваат битолската спортска историја. Во текот на овааа и следната година, ќе се работи на изградба и реконструкција на девет училишни спортски игралишта во училиштата „Даме Груев", „Климент Охридски", „Трифун Пановски", „Ѓорѓи Сугарев", „Гоце Делчев", „Турското" училиште „Гоце Делчев“, „Коле Канински" – нас. Буковски ливади, во училиштето „Тодор Ангелевски", како и во подрачното училиште во Г. Оризари. Во постапка е изградбата на трите спортски сали во училиштата „Стив Наумов“, Тодор Ангелевски" и "Даме Груев" - подрачно училиште во Долно Оризари. Со овие реконструкции и изградби и досегашните вложувања, заокружуваме над 20 спортски објекти и игралишта во градот.

Затоа, заедно со мојот тим, ќе продолжиме да работиме на создавање на нови работни места, да привлекуваме инвестиции и да ги задржиме младите, нудејќи им квалитетен живот. Да ја јакнеме локалната економија со социјален напредок. Ова е заедничка мисија на сите нас кои што ја сакаме Битола и кои што сакаме да го гледаме градот како напредува. Во изминатите години заедно покажавме дека можеме да градиме и да изградиме, а во следните години, заедно ќе покажеме дека можеме да живееме подобро.

Битола е град на историјата и традицијата, но и град на млади луѓе кои имаат право да сонуваат за сопствена иднина дома, во својот град. И како заклучок на самиот крај би издвоил дека градот живее, младите се радуваат, а всушност, тоа е и нашата цел. Да ги задржиме, да ги привлечеме со нови успешни приказни, со зајакната економија, со добра инфраструктура, со здрава животна средина, со услови овде да ги растат своите деца, а ние да се радуваме на нашите внучиња. Да им дадеме достоиствен живот не само на младите, туку и на сите жители на општина Битола. Да се гордеат на својот град, на успесите на своите сограѓани, а јас како градоначалник, да продолжам да го реализирам зацртаниот пат за поуспешна и поубава Битола.

Ви благодарам од срце за довербата и за поддршката!

Поради дефект на 110 КВ далновод, во моментот без електрична енергија е цел град Прилеп, потегот на селата кои гравитираат кон Битола и дел од селата во Општина Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Екипите на ЕВН веднаш се на терен и работат на отстранување на дефектот, а од ЦУК информираат дека се преземаат сите мерки за што побрзо враќање на електричната енергија во погодените населби. Граѓаните се повикуваат на трпение и да ги следат официјалните информации од ЦУК и ЕВН за текот на работите и очекуваното време на нормализирање на снабдувањето.

АД ЕСМ денеска направи значаен чекор кон својата зелена и пазарно ориентирана трансформација, со потпишувањето на Договор за грант со Германската развојна банка КфВ. Овој Договор обезбедува 1,5 милиони евра техничка помош, финансирана од Европската Унија, наменета за зајакнување на внатрешните капацитети и забрзување на клучните активности за енергетска транзиција на компанијата.

-Грантот од Европската Унија, овозможен преку КфВ, претставува стратешки камен-темелник за нашата институционална трансформација кон сеопфатна, зелена и пазарно-ориентирана компанија. За ЕСМ ова е повеќе од премин кон обновливи извори на енергија, туку сериозна посветеност да станеме модерна и комерцијално конкурентна сила на европскиот енергетски пазар. Финансирањето ќе биде алатка за зајакнување на нашите внатрешни капацитети и корпоративно управување, преку финансирање на критични иницијативи за моделирање и стратешко планирање. Овој институционален фокус ја осигурува нашата оперативна одржливост, ја зајакнува енергетската безбедност на земјата и значително ги забрзува нашите напори за намалување на јаглеродниот отпечаток, изјави Лазо Узунчев, генерален директор на АД ЕСМ. 1000008360

По повод потпишувањето на Договорот, Штефан Худолин, Раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија изјави дека:

-Забрзувањето на зелената транзиција никогаш не било толку блиску и толку возможно. Со поддршката од Европската Унија и гаранциите на ЕФСР+ земјата ќе добие финансиски средства и технички насоки од нашите партнери во КфВ за да ја забрза трансформацијата и декарбонизацијата на енергетскиот сектор во Северна Македонија. Оваа заедничка акција има трансформативен ефект за преминување од јаглен на зелена енергија, но истовремено придонесува за создавање на стабилен енергетски сектор во многу нестабилен климатски и геополитички свет.

Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер истакна дека во последните 20 години Германија ја поддржува енергетската транзиција на јавните енергетски објекти во Северна Македонија.

-Покрај финансискиот ангажман, развојната германска банка КфВ става на располагање и експертиза со техничко водство и управување. Декарбонизацијата е прашање на тимска работа, а Германија и КфВ се посветени на постојаната поддршка за Северна Македонија на овој пат.

-Енергетската транзиција бара подготвени енергетски компании кои ќе можат да се справат со предизвикувачките услови. Со овој проект, КфВ ќе ја поддржи трансформацијата на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), која ќе им овозможи подобро позиционирање и ќе им помогне да ја подобрат својата ефикасност и подготвеност за пазарот, истакна Пабло Обрадор, директор за Југоисточна Европа и Турција.

ЗАВРШНА ФАЗА ОД ДОГРАДБАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ЗА С.БУКОВО

 
Денес се извршува асфалтирањето со должина од 600 м на завршниот асфалтен слој на левиот дел од коловозот на локалниот пат за село Буково, а со тоа проектот ,, Доградба на коловоз на локален пат за село Буково Општина Битола “, е во завршна фаза. 
 
Како што и предходно е напоменато, извршена е стабилизација на банкината, за одводнување на коловозот се вградени префабрикувани бетонски каналети. Со извршеното асфалтирање се реализира проектната ширина на асфалтниот дел од коловозот кој изнесува 5,50 м.
 
Со ова се исполнува барањето на жителите на село Буково за побезбедно одвивање на сообраќајот.

Во чест на својот поранешен член, спортист и долгогодишен поддржувач на битолскиот спорт, Зоран Петковски – Петкото, клубот Пелистер Волеј ќе организира хуманитарен натпревар во рамките на 4. коло од Суперлигата. - Натпреварот ќе се одигра на 1 ноември во спортската сала "Боро Чурлевски" со почеток во 17 часот.  Менувањето на локацијата е поради големиот интерес на битолчани да присуствуваат на натпреварот, бидејќи средствата од продажбата на влезниците ќе бидат донарани на семејството на Петковски, како симболичен чин на почит и солидарност кон човекот кој остави длабока трага во спортскиот живот на градот.

Покрај средствата од влезниците, љубителите на спортот ќе имаат можност да придонесат и со доброволни донации, кои ќе се собираат на двата влеза од салата.

Со оваа иницијатива, Пелистер Волеј и спортската јавност на Битола уште еднаш потврдуваат дека спортот е повеќе од натпреварување — тоа е заедништво, човечност и срце. 

1000008345
 
 

ДО КРАЈОТ НА УЧЕБНАTA ГОДИНА ТРИ НОВИ БИТОЛСКИ УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ФОТОВОЛТАИЦИ

 
Општина Битола до крајот на учебната година ќе постави фотоволтаични системи на уште три згради на основните училишта во градот. Со оваа мерка, локалната самоуправа продолжува со активностите за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.
 
Во текот на овие денови, се вршат теренски проверки на состојбата на покривите на училиштата, како и проценка на можностите за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели.
 
По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки, ќе следува и реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични соларни централи за производство на електрична енергија во три нови битолски училишта.
 
Со воведувањето на фотоволтаиците, се очекува училиштата да остварат значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесат кон намалување на јаглеродните емисии во општината.
 
Во моментов, на 10 објекти на основни и средни училишта во општина Битола, се поставени сончеви панели. Кон крајот на 2023 година, на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари беше поставена првата фотоволтаична електрична централа во училиштата, по што во 2024 беа поставени уште девет, од кои три на средни училишта и шест на основни училишта.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани