2win800x200

Буневска од СДСМ одговори на повикот на Коњановски, подари и развоен план за велосипедски сообраќај во Битола

Април 11, 2022

Советот на Општина Битола, ја усвои едногласно иницијативата на професорката Јасмина Буневска Талевска, инаку советник од СДСМ, за формирање работна група која ќе работи на велосипедска инфраструктура во Општина Битола. Буневска ја образложи иницијативата пред советниците.

-Велосипедот е еден од најефикасните превозни средства и три пати поефикасно од пешачењето и 35 пати поефикасно од моторното возило. Не се енергетски ефикасни само фасадите, прозорците, осветлувањето, туку и превозот овозможува енергетска ефикасност. Затоа ние како Совет мора да им овозможиме на граѓаните услови за да го користат велосипедот не само за рекреација, туку воопшто како превозно средство, рече Буневка и предложи да не се чека Генералниот урбанистички план, туку што побрзо да има се овозможат услови на граѓаните за користење на велосипедот како превозно средство.

Таа на Општина Битола и подари план за развој на велосипедскиот сообраќај.

-Можеби некој ќе аргументира дека имаме најава за нов Генерален урбанистички план, дека превозот може да се регулира со ГУП от, но верувајте и утре да започне да се изработува ГУП от, законските минимум кои што се потребни се 36 месеци, а ние не смееме да дозволиме граѓаните на Битола да чекаат уште 36 месеци да започне да се работи на велосипедската мрежа. Мора веднаш да им овозможиме на граѓаните услови за возење велосипед, а секој од нас тоа може да го направи на свој начин. Јас избрав преку иницијатива за формирање на работна група, но при тоа се потрудивме да бидеме рационални. Токму затоа предложив истото работно тело што е предложено да работи на пешачката сигнализација, само дополнето со претставник од општинската администрација и претставник од СВР кој што сметам дека можат многу да придонесат по ова прашање. Сите сме сведоци дека се согласивме со градоначалникот Коњановски дека Битола мора да биде вело град и ова е уште една подадена рака заедно да ја направиме Битола град. Затоа на ова работно тело, на Општина Битола давам на подарок уште еден развоен план за развој на велосипедскиот сообраќај. Верувам дека правилно ќе се искористи, рече советничката Јасмина Буневска Талевска од СДСМ.

Уште во декември Буневска Талевска постави советничко прашање дали се обезбедени средства за изградба наа велосипедски патеки во еден мандат, а Коњановски ја повика советничката како експерт за сообраќај, да помогне во реализацијата на овие проекти.

Буневска пред неколку дена јавно на Општина Битола и подари два значајни документи за решавање на сообраќајни прашања, а на денешната седница подари и трет- план за развој на велосипедскиот сообраќај

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани