АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стотици фолклористи од цел свет приредија спектакл за паметење на Широк Сокак во рамки на Дефилето со песни и игри на „Илинденски денови“. Светот во мало, вака изгледаше попладнево Битола. Во народни и традиционални носии гости од Шпанија, Мексико, Колумбија, САД, Полска, Италија, Србија и десетици домашни ансамбли продефилираа низ Битола и го донесоа нивниот националниот фолклор низ улиците во градот. Ова беше увертира на свеченото отворање на 52.Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ кој вечерва свечено се отвори со изведбата на орото „Комитско“ на КУД „Илинден“ -Битола на Ракометното игралиште. Потоа следуваше вечер на традиционална музика и игри.