АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четиричлена експедиција планинари од Битола, Иванчо Тошевски, Димитар Тошевски, Влатко Крбалески, Аднан Одјоски го освоија највисокиот врв на Пирин, Вихрен (2914мнв) кој е е втор по висина во Бугарија, после врвот Мусала (2925мнв) на Рила и трет по висина на Балканскиот Полуостров после врвот Митикас (2918мнв) на Олимп.
-Искачувањето го започнавме во раните утрински часови затоа што имавме полна месечина таа вечер, и со цел изгрејсонцето да го чекаме на самиот врв. Постојат повеќе опции за искачување на Вихрен, но најбрзата рута започнува од Планинарскиот дом Вихрен(1980мнв) и стрмната патека води до седлото под самиот врв на околу 2550мнв. Оттука започнува финалното искачување на врвот Вихрен каде оваа патека е и најстрмна. Севкупно патеката воопшто не е за потценување затоа што во должина од 3km се совладува висина од 1030 мнв., вели Иванчо Тошевски
Вихрен личи на пресечена пирамида, а од југ потсетува на на четиристрана пирамида. Карактеристично за врвот е тоа што изгледа многу поразлично, зависно од која страна се гледа
-Вистинска атракција на Пирин е искачувањето на Кутело1(1908мнв) и патеката која оттаму продолжува по самата ивица на седлата помеѓу Кутело2 и Бански суходол, патека популарно наречена Кончето поради челичната сајла која е поставена како дополнително обезбедување за планинарите кои се одлучиле да ги освојат овие врвови. Атрактивноста на патеката ја зголемува фактот што на поголемиот дел од двете страни се гледа само стрмна карпеста провалија од околу 700 метри, раскажува Тошевски за овој подвиг