АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новите раководства на јавните претпријатија ЈКП „Водовод“ и ХС „Стрежево“ потпиша договор за соработка и испорака на сирова вода. Горан Козаров, директор на ЈКП „Водовод“ и Менде Граматковски, директор на ХС „Стрежево“, седнаа на заедничка маса и ги дефинираа протоколите за испорака на водата.
- Се потиша договорот за соработка и испорака на сирова вода помеѓу ЈКП „Водовод“ и ХС„Стрежево“. Договор кој ги дефинира правилата, прописите и начинот на работа помеѓу двете претпријатија. Договор кој нема да дозволи да има судски спорови помеѓу овие две претпријатија, објавија заеднички двете претпријатија.
Овој договор значи нов курс во взаемната работа и соработка на овие две јавни претпријатија, ако се знае дека бившите директори од ВМРО-ДПМНЕ, (Зоран Илоски, како директор на „Водовод“ и Љупчо Бошевски, како директор на „Стрежево“) заради договорена и испорачана вода, а ненаплатена, ги доведоа работите до суд, со судска пресуда тешка со милиони денари во корист на „Стрежево“.
„Водовод“, под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, не ја исплаќаше водата што му ја испорачуваше „Стрежево“. Па „Стрежево“ покрена три судски постапки, со цел да ја наплати испорачаната вода до „Водовод“.