АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во чест на христијанскиот празник Свети Атанасиј битолчни денеска и на снег се искачуваат до месноста викана Смолево за да запалат свеќа во црквичата Св Атанасиј. Смолево прерасна во едно од најпосетените места за рекреација во Битолско. Тоа е дестинација каде редовно застануваат да одморат планинарите што се искачуваат на врвот Неолица на Баба Планина виок 1440 метри. До црквата извира вода, која посетителите ја пијат верувајќи дека помага при лекување на болести на главата и од уплав кај малите деца. Водата која извира тука се смета дека е од изворите Дванаесет кладенци кај Нолица.