2win800x200

На ден пред истекот на рокот, бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола не поднесе барање за промена на името

Февруари 15, 2023

Културниот центар Иван Михајлов од Битола на ден пред истекот на рокот, нема доставено барање до Централен регистар за промена на името и усогласување со измените во Законот за здруженија и фондации, што Собранието ги усвои во ноември лани по лавина реакции во јавноста, затоа што бугарските здруженија користат имиња на контроверзни личности, докажани соработници на фашистите. До Централниот регистар пристигна барање само од здружението Цар Борис од Охрид

„До Централен регистар на ден 10.02.2023 година е доставен допис со наслов-Предмет: Барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид со Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации( Службен весник на Република Северна Македонија број 239/2022). На барањето од подносителот е доставено известување за доставување на пријава и прилози согласно Законот за здруженија и фондации. Постапката по барањето е се уште во тек. За здружението Иван Михајлов од Битола, не е поднесено барање/пријава за упис на промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации“, информираат од Централен регистар.

Измените на Законот за здруженија и фондации беа усвоени лани во ноември, според кои,  Здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на личности кои по било која основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, омраза, геноцид, поддршка на фашизам и нацизам.

Ако здруженијата до 16 февруари не направат усогласувања со измените во Законот, тогаш треба да заседава и да се произнесе Комисијата за употреба на имиња и ставот да го достави до министерот за правда, кој пат во рок од еден месец, односно до 16 март треба да донесе решение. Доколку е негативно, здружението ќе се избрише од Централен регистар.

За битолскиот Сојуз на борци именувањето на бугарскиот клуб во Битола Ванчо Михајлов, кој е докажан соработник на фашистите, беше провокација, поради што достави претставка до Комисијата за спречување дискримнација, која утврди потешки форми на вознемирување и упати препораки за отстранување на спорните содржини од името, статутот и програмата на здружението, но и од ФБ страницата. Но, бугарскито клуб во Битола не ги испочитува препораките во дадениот рок, по што Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд против Културниот центра Иван Михајлов, . Во одговорот од Културниот центар се наведува дека мислењето на Комисијата е тенденциозно, а  подносителот на претставката, битолскиот Сојуз на борци не понудил докази дека Ванчо Михајлов е фашист

Во внатрешноста на клубот Ванчо Михајлов во Битола, на  еден од ѕидовите е врамен  цитат од негов текст напишан на 2 август 1983 година во Рим, по повод 90 години од формирањето на ВМРО и 80 години од Илинденското востание, каде Михајлов ја негира македонската нација. 

„Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и Илинден беа и остануваат човекови права и слобода. Значи, залудни се напорите на маскираната (измислена) македонска „нација“ да го лаже светот. Вистината ќе победи. Ваш Иван Михајлов“, пишува на слика  во внатрешноста на клубот Иван Михајлов 

563895abfe4f9590a49740a2e182038d S

Комисијата за спречување дискриминација  поднесе прекршочна пријава, а обвинителството постапува по кривични пријави против КЦ Иван Михајлов во Битола за ширење расизам и ксенофобија по пат на компјутерски систем, односно преку нивната ФБ страница каде се промовира и велича ликот на Ванчо Михајлов, докажан соработник на фашистите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани