АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Јана не можеме да ја вратиме назад, ама сакаме колку е можно да спасиме многу други дечиња за да не ја доживеат судбината на нашата малечка и непреболена Јана“, беше пораката упатена на протестот што вечерва се одржа во Битола поради прераната смрт на петгодишната Јана Христовски која пред точно една недела почина во Клиничката болница во Битола. Протестот го организираа роднини и пријатели на семејството на починатото девојче, а кумот кој ја крстил Јана, Игор Петковски, во своето обраќање рече дека нема да се откажат од правдата за девојчето.
„Не го коментираме извештајот на ДЗСИ сметаме дека не е релевантен, релевантна е обдукцијата, таа да ги кажи сите одговори. Да се кажи вистината ни милиметар поинаку, а потоа на ред ќе биде обвинителството да видиме какви чекори ќе преземи. Ние што ќе преземиме ќе зависи од резултатот на обдукцијата. Нема да дозволиме ничие друго мешање или груба манипулација и вадење на контекст на било кој кажан збор на семејството Христовски. Нема да дозволиме сведоштвото на семејството да биде прикажано како сомнеж, а скриената вистина да биде прикажана како факти. Заеднички ќе се бориме за да се обелеодени вистината“, рече Пектовски.
Јана Христовска почина на 22 март откако претходно родителите ја однесоа во Клиничката болница во Битола каде прими инфузија на Одделението за педијатрија, а шеќеркот од 9 се искачи на 19. Родителите во првичните изјави за медиумите се посомеваа дека се случи лекарски пропуст. Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој направи вонреден увид беше соопштено дека кај девојчето се јавиме проблеми со срцето и дека немало лекарски пропуст. Се чекаат резултатите од обдукцијата.