2win800x200

Спектакуларен концерт и овации во Скопје за битолскиот Камерен оркестар, солисти, поп рок хорот БитВокс и други учесници

Ноември 27, 2023

            

Во Националната опера и балет во Скопје, Камерниот оркестар на Битола, одржа спектакуларен концерт со евергрини, именуван „ MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!“.

Сите се сеќаваме на деновите кога MTV беше прозорец кон еден нов, и бескраен свет на музика и емоции. Во тие времиња, секој акорд, секој стих носеше во себе честичка од младоста и енергијата која ги одбележа тие децении.

 

406046820 852524780210341 8180413177913055753 n

Имајќи ја  предвид важноста на музиката од тој период, Камерниот оркестар на Битола го подготви спектактуларниот проект „MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits“, кој за првпат беше изведен во Центар за култура - Битола на 14 септември 2023 година, а картите за концеротот беа распродадени за само три часа.

Прекрасните звуци од најголемите хитови од 80тите и 90тите оживеаа на сцената благодарејќи на Камерен оркестар на Битола пренесувајќи ја магијата на тие времиња. MTV 80’s & 90’s не беше само музички период - тоа беше ера која ја дефинира иднината.

По воодушевувачкиот концерт, што се одржа во полната сала во Центарот за култура – Битола, Камерен оркестар на Битола одлучи овојпат скопската публика да ужива во нивните изведби.

406055478 852524843543668 4424975319792071027 n

Со преку 100 учесници, вклучувајќи 10 изведувачи (домашни и странски), оркестар во полн состав, поп рок хорот БитВокс и балетски играчи при Национална Опера и Балет, присутните имаа можност да уживаат во најголемите хитови на безвременските Тина Тарнер, Витни Хјустон, Мајкл Џексон, Шер, Аеросмит, Рики Мартин, Алана Мајлс, Чака Кан, Мадона и многу други.

И министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со останатите присутни, уживаше во звуците на безвременските хитови.

406032260 852524813543671 8210573432217190212 n

„Секогаш сум пресреќна кога се случуваат културни настани во земјава, а посебно ме радува интересот на нашите граѓани за она што имаат да го покажат нашите изведувачи. И овој концерт е потврда за квалитетот на нашите артисти и негувањето на културата на нашето тло. Се надевам дека и во иднина, како и досега Камерен оркестар на Битола ќе доживува огромни успеси во државата, но и надвор од границите“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска, по завршување на концертот.

406065453 852524700210349 5999062533758063140 n

Концертот на Камерен оркестар на Битола, именуван „ MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!“ беше проследен со огромни овации од страна на присутните.

 

406240274 852525100210309 8759480555218556356 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани