АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанецот Александар Најдовски-Сканта го фати осветениот крст во Радика, што беше положен од епископот Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.
Најдоски, кој е дел од оваа традиција петнаесеттина години, по вторпат го фаќа крстот.
– Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава, посака тој.
Годинава над 200 лица учествуваа во извлекувањето на крстот од водите на реката Радика, кои најпрвин присуствуваа на Божествената литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во селото Ростуше, со која чиноначалствуваше владиката Партениј.