АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
БИТОЛА – Студот ја окова Битола, а утрово се измерени минус 18 степени, најстудено од почетокот на зимата. Мразот по дворовите и тротоарите на улиците е причина за зголемен број на прегледи и повреди на одделот за Ортопедија во Клиничката болница Битола. Од утрово до 10 часот лекарска грижа кај битолските ортопеди побарале 42 битолчани, а само сабајлево имало 3 хоспитализации.
Од Клиничката Болница Битола за nezavisen.mk изјавија дека поради повреди причинети од временските услови, скршеници и набиеници од лизгање на снегот и подмрзнатите дворови и пешачки патеки во овој период најчесто страдаат работоспособните битолчани. Кај еден лекар, ортопед , во една смена имало и до 92 прегледи.
А. Блажевска
Целиот текст на nezavisen.mk.