АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Снимено е промотивно видео за општина Могила по повод 22 годишнината од нејзиното основање. Воедно, со овој атрактивен видео материјал започнува и кампањата „Откриј ја општина Могила“ која има за цел да привлече што повеќе туристи да се запознаат со нејзините природни убавини, културни, историски и религиски обележја и со гостоплимливите жители. Како една од дестинациите се нуди село Лознани и манастирскиот комплекс посветен на Св.Кирил и Методиј и Св. Ѓорѓи.
Свети Кирил и Методиј е македонска православна црква во село Лознани, Општина Могила, главна манастирска црква на Лознанскиот манастир. Црквата се наоѓа во манастирски комплекс јужно од селото, на околу 25 км од Битола, во падините на Селечка Планина на 637 метри надморска височина, на само неколку метри од древните урнатини на старата црква. Во комплексот се наоѓа и црквата посветена на „Св. Ѓорѓи“.
Промотивното видео го сними Креатив продукција од Битола.
Инаку, прославата по повод 22 роденден ќе биде оваа среда со почеток во 20 часот на плоштадот во Општина Могила. Ќе настапат македонски културни уметници Наум Петрески, Влатко Лозаноски - Лозано како и група Калабалак.