2win800x200

ПОЛИЦАЕЦОТ ГО ИЗВРШИЛ УБИСТВОТО СО СЛУЖБЕНИОТ ПИШТОЛ

Септември 15, 2018

Осомничен за вчерашното убиство во прилепското село Беловодица е 24-годишниот битолски полицаец Е.Т., кого полицијата веќе го привела и тој го признал злоделото.

Од полициски извори дознаваме дека во 36 годишниот битолчанец Б.А. пукал со службениот пиштол, што го носел со себе иако не бил на работа. Тој со пиштолот на жртвата му нанел четири прострелни рани, а потоа телото било запалено надвор од автомобилот. Бруталното убиство се случило вчера околу 16,30 часот кога било пријавено во полиција дека на патот за селото гори непознато лице.

 

„Приведен е сторителот на убиството во село Белoводица. Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело. Утврден е идентитетот на убиениот , А. Б. (36) од Битола, кај кого биле забележани прострелни рани во телото. Веднаш се преземени  соодветни мерки и активности  за пронаоѓање на сторителот и околу 2 часот приведен е Е.Т., кој во целост го признал делото и го објаснил начинот на кој го извршил“, соопштија од СВР Битола..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани