2win800x200

Пак доцни платата за август во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух - „Кочо Рацин“ во Битола и дури денес почна учебната година

Септември 18, 2024

И овој месец како и претходниот пак доцни  платата (за август) за вработените во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух - „Кочо Рацин“ во Битола. И не само тоа туку дури денес започнала и учебната година, значи со 18 дена задоцнување, велат вработени од установата за Апла.мк.  

Платата доцни исто како и претходините месеци што предизвикува дополнителна нервоза кај вработените кои не мажат да издржат финансиски. 

Вработени за Апла. велат дека - „По три изминати седмици, за дел од учениците во ОУРЦ ,,Кочо Рацин,, Битола, дури денес започна учебната година. На учениците нека им е среќен почетокот на учебната година, но нејаснотиите се зошто Ресурсниот центар наместо на 1ви септември, како и сите останати ученици, ја почнува учебната година на 18 ти септември.

Директорката на ОУРЦ „Кочо Рацин“, инаку кадар на претходната владеачка партија, должи објаснување на родителите на учениците за тоа зошто доцни почетокот на учебната година. Должи објаснување и за тоа зошто дел од учениците кои треба да се сместени во нивниот интернат, биле вратени назад во сопствените домови, наместо да биле сместени и да го користат интернатското сместување на училиштето. А, веќе голем е револтот кај вработените дека и овој месец доцни исплаќањето на плата.“, велат вработени од центарот. 

Основач на ОУРЦ „Кочо Рацин“- Битола е Министерството за образование и наука, а со центарот директорува Валентина Стојкоска.

Платата за јули, беше исплатена неколку дена пред крајот на  август, директорката тогаш не упати книговодственото биро да објаснува зошто  немаат земено плата, па книгодителите се правдаа дека  доцнењето  се должи на ребалансот на буџетот, но и на извесни корекции на платите. Сега ребалансот на буџетот помина, па останува отворено прашањето што  е причината за доцнењето и на августовската плата.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани