2win800x200

Дизајнерката Јасмина Василевски ја оживеа модата од конзулска Битола со новата линија „Етно 3/4“

Септември 18, 2024

  

Јасмина Василевски од Битола позната по брендот „3/4 од Јасмина“ ја претстави својата најнова колекција „Етно 3/4“ , уникатна и импресивна по многу нешта со безвременски модели.

Навидум како сказна, Василевски ги оживеа модните достигнувања во градот на конзулите од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, „ала турка“ и „ала франга“, период пресвртница во модните текови не само во градот туку воопшто во европската мода, градејќи сега нов етно имиџ.

 etno

На модната презентација во Пациото на Завод и музеј Битола или познато како старата турска касарна, Василевски понуди нови обликувани модни парчиња и на современите кроеви и материјали суптилно вметна елементи од чипка, плетиво и делови од народна носија, алово црвена престилка...своевремено фундаменти на градската облека.

„Во моделите имплементирав и парчиња од оригинални везови од крајот на 18 и почетокот на 19 век, кои носат посебна емоција и историја. Додатоци извадени од ковчег на кој им дадов нов живот!“, вели Василевски.

По само пет години работа на модниот бренд,  „3/4 од Јасмина“ веќе прераснува во еден нов занаетчиски еснаф во градот, терзија, која се издвојува од останатите. Таа умешно ја вметнува срмата во новата „ала турка“ колекција, а на модели кои асоцираат на „ала франга“ им дава асоцијативна форма и естетика, со нов крој и материјали.

„Од секогаш сум ја сакала оваа мода. Јас сум растена на таков начин. Мојата баба Димитра, ја гледам на фотографија …косата ја обликувала со шеќерна вода и загреана маша… Бел вез на неа … прстен на малото прсте (нешто што и јас секогаш го носам) ми недостига тој достоинствен стил на отменост и смелост во исто време. Тоа е мојата цел… да го наметнам тоа со новата колекција ‘Етно 3/4 ’. Да ги оживеам овие стилови и да ги претставам на младите генерации, кои малку знаат за овој важен дел од нашата историја. Всушност покажав дека историјата може да се претстави на модерен и атрактивен начин. Елементите што ги внесов не само што не го оптоваруваат моделот, туку го збогатуваат и го прават посебен“, раскажува Јасмина за мотивите, деликатните кроеви и богатата рачна изработка во новата колекција.

Колекцијата е продажна, и најголем дел од неа е распродадена.

 

  

Модел бр. 1. Дводелен комплет во стилот на А ла Франга ... изработен од плиш со елементи на бел вез кој во 18 и 19 век во Битола претставува фундамент на градската облека.

модел 1

* Модел број 2. Комплет составен од блуза и сукња-пантолон изработен од тафт во стилот на А ла Турка , каде се вметнува богата чипка со ефект на срма.

модел 2

*Модел бр. 3. Комфорна кошула/фустан ... изработен од сатенски памук и етно елементи ... споени во еден смел и отмен модел.

модел 3

*Во моделот број 4 … акцентот се става на оригиналниот колан , составен дел од пелагониска народна носија ...со додадени етно елементи и алки, врз раскошниот модел на сукња- пантолот.

модел 4

*Модел бр.5. Долг елек џубе во стилот на А ла Турка, рачно украсен со срмени елементи.

модел 5

*Модел бр.6. Елек со асиметрични јаки, со рачно имплементирани срмени елементи А ла Турка на левата страна.

модел 6

*Модел бр.7. Кошула изработена од крут памук , украсена со богата црна чипка... карактеристична за стилот на А ла Франга

модел 7

*Модел бр.8 Ленена сукња со рачно имплементирана црна чипка .... која раскошно го доловува стилот на А ла Франга.

модел 8

*Модел бр.9 Сукња и шал изработени од волнена чоја со оригинални елементи од смилевски вез, дел од ракав на женска кошула. И последен ...

модел 9

модел бр.10 ... 3/4 палто изработено од волнена чоја, со оригинални мотиви на крстови, околник …бочници. Везови кои се носеле во најважните моменти во животот.

модел 10

 

А. Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани