4-ти октомври е Светскиот ден за заштита на животните, кој годинава се
одбележува под мотото „Светот е заеднички дом за сите“. Овој ден се
совпадна со периодот кога отпочнуваме со хуман третман на животните во
Општина Битола и со отпочнување на работа на прифатилиштето Хачико.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со директорот
на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски, го посетија прифатилиштето, во
присуство на учениците од средното ветеринарно училиште и претставници
на невладиниот сектор.
„Со задоволство Ве известуваме дека веќе е екипиран кадарот во
прифатилиштето и склучен е договор со повеќе ветеринарни друштва од
Општина Битола за хуман третман на уличната популација на кучињата.
Општина Битола изминатите месеци во континуитет направи сериозен напор
да изгради соодветно прифатилиште кое ги задоволува сите стандарди за
хуман третман на животните, добивме одобрување за работа од АХВ за
прифатилиштето, направивме мониторинг на уличната популација на
кучињата, обезбедивме средства за да отпочнеме со хуманиот третман на
животните, изработивме програма за хуман тертман на животните која ги
дава насоките по кои ќе се става под контрола на овој проблем.
Обезбедивме иновативно решение за ангажман на повеќе сериозни
ветеринарни друштва од општината кои ќе го вршат хуманиот третман на
животните. Ова решение дава можност за побрз и попрофесионален третман
на кучињата и сериозно ја намали цената на чинење на третман на куче.
Отворивме можност за соработка со здруженијата за граѓани и со
активистите за транспарентна и конструктивна соработка и ќе се вложиме
оваа соработка да се развива во иднина.
Ветеринарните друштва имаат отворен налог за заловување и граѓаните
можат да се обратат до ЈП Комуналец, доколку има нетретирани кучиња во
нивна околина на јавна површина, исто така ќе можат маалските кучиња
доколку имаат желба да ги однесат на хуман третман во една од петте
ветеринарни друштва по нивен избор.
Во функционирањето на прифатилиштето ќе бидат вклучени и учениците од
средното ветеринарно училиште со што ќе се зголеми квалитетот на
образованието на идните ветеринарни техничари. Во чест на овој празник
следната недела организираме едукација за учениците од средното
ветеринарно училиште на тема благосостојба на животните и одговорно
сопствеништво.
Би сакал да појаснам дека ние сме одговорни за хуман третман на кучињата
кои се на јавна површина, ги замолувам граѓаните да бидат одговорни
сопственици и доколку сопственичките кучиња ги пуштаат слободно да
шетаат на јавна површина да ги приберат во своите дворови или станови,
бидејки може да се случи да бидат заловени и потоа неодговорните граѓани
ќе треба да платат за услугата заловување и престој кон ЈП Комуналец“,
рече градоначалникот на денешното отворање на прифалитиштето Хачико.