2win800x200

Прегазен малолетник во Битола на ул. „Васко Карангелевски“

Октомври 05, 2024
Улица Васко Карангелевски фото А.Б Улица Васко Карангелевски фото А.Б

Вчера вечер во СВР Битола било пријавено дека на улица „Генерал Васко Карангелевски“  во Битола патничко возило „форд“ удрило во велосипед управуван од малолетник.

МВР соопштува - На 04.10.2024 во 19.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(53) удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констаирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Според наши информации малолетното дете поради сериозноста на повредите  доцна синоќа префрлено е на скопските клиники.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани