АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Централен регистар сега е заведен под името „Една Роза“ како Здружение Културен центар, откако пред 2 години министерството за правда не им даде согласност за користење на името на Михајлов, поради неговото поврзување со фашизмот.
Претседателот на здружението Љупчо Горгиевски, пак, за Канал 5 вели дека воопшто немале намера да провоцираат, а во поднесокот од Бендевска гледаат обид за притисок.
-За најточни информации, таа може да се обрати до Централниот регистар, каде што ќе го најде новото име на нашето здружение. Што се однесува до нашите активности, тие продолжуваат да се одвиваат во согласност со законите и регистрираните промени. Нема никаква намера за провокација кон никого, туку напротив, сите активности се насочени кон меѓусебно разбирање и почит. - вели Љупчо Ѓорѓиевски – КЦ Една Роза – Битола, и додава дека за „Македонска крвава свадба“ сакале да го промовираат фототипното издание на книгата.