АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За прв пат во битолската Клиничка болница извршена е операција на проширени вени, соопшти менаџметот на оваа здрвствена установа. Оперативниот зафат бил изведен врз 43 годишна пациентка од страна на врвниот хирург од ЈЗУ Државна кардио хирургија од Скопје, др. Мишел Андов заедно со др. Александар Гацовски специјализант на васкуларна хирургија вработен во битолската Клиничка болница.
„Соработката и понатаму ќе продолжи и во иднина уште повеќе ќе се интензивира бидејќи желба има и од страна на ценетиот др. Мишел Андов и нашиот специјализант др. Александар Гацовски но и од страна на пациентите кој се засегнати со ваквите проблем“, рече портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.
Целата апаратура која е потребна за ваква операција Клиничка болница Битола ја набави пред неколку месеци, а во процедура е и набавка на васкуларни инструменти за проширување на дејноста.
„Горди сме што во нашата Клиничка болница успеавме да донесиме еден ваков врвен стручњак како што е др.Мишел Андов,среќни сме што во нашата клиника е вработен др. Александар Гацовски за чија способност и стручност допрва ќе се слуша, а најповеќе нѐ прави исполнети тоа што конечно нашите пациенти нема да талкаат до Скопје до Државна клиника бидејќи само таму се изведуваше ваков зафат. Закажувањата и прегледите се вршат во хирушката амбуланта во присуство на двајцата лекари, а наскоро закажувањата и прегледите ќе бидат преку мој термин“, соопшти Конеска.