2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Советниците од власта и опозицијата заедно вртеа мазник со паре

Јануари 14, 2019

Жаклина Наумовска, член на општинскиот Совет во Битола  од редовите на СДСМ,   го најде парето во мазникот што за православниот празник  Василица го вртеа  заедно  советниците   од власта и опозицијата. Наумовска вели  дека се израдува што токму таа е среќникот годинава.

-Се изненадив, но и многу се израдував. Мазникот го вртевме заедно сите советници. Посакувам оваа година да биде успешна за Советот и  сите заедно да носиме одлуки во интерес на граѓаните на Општина Битола, на кои им ги честитам празниците, рече Наумовска

sovetnici bajram

Традиција е во Битола да се чека Стара Нова година на 13 спроти 14 јануари, кога битолчани со друштва, дома или во кафеани вртат мазник со паричка, а пак на Василица овој обичај се практикува во кругот на  семејството и на работните места. Речиси и да не постои  установа и фирма, каде не се врти мазник. Нема точна бројка, но се претпоставува дека битолчани за Василица сукаат, вртат и јадат околу 40 илјади мазници. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани