Webp.net gifmaker

За 60 проценти зголемен бројот на кривични пријави поднесени од СВР Битола за економски криминал

Јануари 15, 2019

 

Лани за седум проценти бил намален вкупниот број на регистрирани кривични дела, соопштија од Секторот за внатрешни работи во Битола. Во текот на 2018 година регистрирани биле вкупно 3037 кривични дела, за разлика од 2017 година кога биле 3263. Во 2014 биле вкупно 3644, 2015- 3288, 2016 - 3305 кривични дела.

 

„Во текот на минатата 2018 година Секторот за Внатрешни работи Битола констатира поволна состојба во делот на вкупните кривични дела односно зголемена реализација во однос на предходната година, а исто и во однос на четирите минати години, како и намален број на пријавени кривични дела. Зголемената ефикасност на нашето работење резултира со зголемена реализација во борбата против криминалот“, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.49898567 2151346918513347 654870744706056192 n

Вкупниот број на поднесени кривични пријави во текот на цела 2018 изнесувал 1423 за разлика од 2017 година кога имало 1292, односно зголемената ефикасност при поднесокот на пријави за 10%. Зголемената ефикасност се гледа и во однос на 2014 кога биле поднесени 1268, во 2015 година 1326, во 2016 - 1315 вкупно кривични пријави.

„Благодарение на нашата организираност и работа на терен во поглед на кривичните дела од недозволена трговија откриеана и запленета беше поголема количина на дрога, каде поднесени се вкупно 103 кривични пријави за разлика од 2017 година кога имало 75 пријави, односно бележиме зголемување на поднесокот за 37 проценти“, додаде Стаматова.

Поднесените кривични пријави од економски криминал бележат над 60 % зголемување за разлика од 2017 година. Лани имало 113 кривични пријави, додека 2017 година бројот на поднесени кривични пријави од економски криминал изнесувал 68. Во 2016 година биле 103 поднесени пријави, а 2015 вкупно 87 што кажува постојан пораст на поднесување пријави од областа на економскиот криминал.

Во однос на кривичните дела од класичен криминал во 2018 година било забележано намалување за 10% во однос на 2017. Константан е и тренд на намалување на тешките кражби,а најчесто тоа биле кражби со незначителна материјална штета.

Во поглед на сообраќајот на подрачјето на Битола вклучително со Општините Могила и Новаци СВР Битола бележи намалување на сообраќајните незгоди со жртви.

2018 година од вкупно314 незгоди - 3 жртви

2017 година од вкупно320 незгоди- 12 жртви

2016 година од вкупно313 незгоди - 7 жртви

Годинва, 2019 до 10 јануари се случиле 14 сообраќајни незгоди со една жртва.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани