2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Операторот без надомест ќе ги префарба избледените пешачки премини низ градот

Март 14, 2019

Да се обележат пешачките премини каде бојата е избришана, побара советникот Иван Чулаковски од независната советничка група „Поинаку“ од градоначалничката Наташа Петровска на седница на Советот на Општина Битола.

-Сакам да ви информирам дека на пешачките премини во Битола бојата е веќе избришана. Би сакал да преземете активност за посебно обележување на пешачките премини пред основните и средните училишта и најфреквентините места во градот каде што има повеќе пешаци. На една од комисиите разговаравме за заштита на зелените површини од влегување на возила. Од општинските сужби ни кажаа дека има материјали за да се затворат, но нема економски оператор за да ги постави на одредените локацици, поради што барам да преземете мерки за заштита на зелените површини, рече Чулаковски.

Градоначалничката рече дека веќе се преземаат активности за префарбување на пешачките премини, а тоа ќе го направи операторот кој и претходно ги обележуваше, но овој пат без финансиски надомест, затоа што тоа го предвидува договорот што го склучила Општина Битола..

-Пред  две недели разговарав со надлежните служби за оваа работа и побарав веднаш да се интервенира онаму каде што биле обележани пешачките премини. Побарав ЈП „Комуналец“ да провери дали станува збор за нечистотија на улицата и покриеност на бојата или станува збор за боја која што избледила поради неквалитет или поради експлоатација на колозвозот. Тое е проверено од општинска комисија и констатирано е на кои локации треба да се префарбаат пешачките премини. Тоа ќе го направи операторот , но без финансиски надомест од Општина Битола, затоа што во договорот што го склучивме за првпат се бараше префарбувањето односно корекцијата да ја изврши операторот без финансико оптоварување на Општината, рече Петровска.

Петровска се согласи дека зелените површини треба да се заштитат, но рече дека дополнително ќе провери дали тоа може да го изврши ЈП „Комуналец“ или пак за таа активност е потребен економски оператор.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани