АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчера на Универзитетскиот сенат беа донесени одлуки кои значат почнување на постапка за ректор. Според законското решение новиот ректор на Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се избира на непосредни, тајни и демократски избори.
-Наскоро ќе биде објавен јавен оглас на кој сите можат да се пријават, формирана е универзитетска изборна комисија која ќе ги спроведе изборите, велат од Битолскиот универзитет.
Ректорот Сашо Коруновски признава дека и тој размислува да се пријави на огласот за втор мандат.
Универзитетот деновиве слави 40 години постоење.
По тој повед објавена е книга „Нашите 40 години“ во која се сублимирани сите успеси на единиците на Универзитетот. Во четврток ќе се одржи свечена академија со концерт на Влатко Стефановски.